Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Од:

Друштвото на писатели на Македонија го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година – наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Право на учество на конкурсот имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2020г.) во овие категории.

Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ , но поради состојбата со пандемијата на Ковид 19, од ДПМ замолуваат кандидатите претходно да се јават на мобилниот број на веб страната на ДПМ.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска