ВМРО-ДПМНЕ: Заев тргува со името, историјата и јазикот – утре протести во 20 градови

Од:

„Протестираме затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности. Протестираме затоа што договор со Бугарија има, но сеуште македонските граѓани не ја знаат цената која треба да ја платат,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено вечерва до медиумите.

Од партијата велат дека утре во Скопје ќе постават блокади пред Владата, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.

„Утрешните надпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.

Ги повикуваме сите граѓани да протестираме сега и да се спротивставиме на негаторските политики на оваа власт, пред да биде предоцна!,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат