Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет, по наместа влажни коловози.
Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 70 метри има на планинскиот превој Стража, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 150 метри на патниот правец Демир Капија – Гевгелија.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
Поради изведување на градежни активности, односно минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, утре ќе има привремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути во периодот од 12:00 до 15:00 часот на делницата Пресека – Песочан, кај село Врбјани.
Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.