Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо потврди дека Хари Кејн го пропушти вчерашниот тренинг поради повреда, но изрази оптимизам дека ќе може да смета на напаѓачот за големото дерби на северен Лондон против Арсенал в сабота.
Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Лондон, тренерот на „Спарси“ остана загадочен околу повредата на Кејн.
– Нема да ви откријам од каква природа е неговата повреда, Мислам дека има добри шанси (против Арсенал), изјави Мурињо.
Тотенхем е лидер на табелата во Премиер лигата.