Учениците со попречености од идната учебна година ќе имаат образовни асистенти

Од:

Во буџетот за 2021 година првпат се обезбедени 54 милиони денари за ангажирање образовни асистенти од наредната учебна година, услуга која е во согласност со Законот за основно образование. Целта е преку инклузивно образование и со одговор на различните потреби на учениците – пристапност, соодветна поддршка, зголемување на учество во учењето, присуството во училиштето и во заедницата, да се создадат услови за секое дете да го постигне максималниот потенцијал, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

На Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, кој годинава се одбележува на тема „Не секоја попреченост е видлива“, таа го посети Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во општина Кисела Вода, од каде што потсети и дека согласно со Законот за основното образование усвоен минатата година, специјалните училишта до 2023-та треба да прераснат во ресурсни центри кои ќе го поддржуваат инклузивното образование во сите редовни училишта.

-Пред две недели донесовме правилник и упатство на кој начин и во која динамика ќе се одвива соработката помеѓу регуларните и специјалните училишта или понатаму ресурсни центри. Сметам дека спецјалните училишта полека се подготвуваат за оваа трансформација затоа што секое дете треба да биде изложено максимално на добра развојна средина, опкружено со различни од себе и на тој начин да се стимулира да ги прифати различните од себе, да ја разбере главната дефиниција во инклузивното образование дека сите сме еднакви, но имаме различни потреби и можности. На тој начин треба да се стимулираат децата да го постигнат својот развој, рече Царовска.

Во однос на образовните асистенти, за што првпат се планирани средства за од идната учебна година, посочи дека тие се различни од личните асистенти, кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

-Образовните асистенти досега беа покривани преку општините и општинско-корисна работа за да се понуди некаква поддршка. Сега градиме системско решение што ќе почне од 2021/2022. Во правилникот е утврдено дека образовен е асистент во настава. Лична асистенција е еден на еден. Образовен асистент е еден, но покрива едно до три деца во одделение. Тој треба да создаде атмосфера на учење од оние со типичен кон оние со нетипичен развој и обратно. Тие ќе бидат ангажирани преку училиштата, за што се обезбедени 54 милиони денари. Може да бидат и со средно и со високо образование, рече Царовска, повикувајќи ги заинтересираните да го прочитаат правилникот и да се вклучат во процесот.

Рече дека во наредниот период МОН ќе се насочи инклузивноста да се спроведе и во инфраструктурата, т.е. пристап до училишните објекти, до училниците и тоалетите. За таа цел во повикот на Министетството за капитални инвестиции за сите училишта во државата – основни и средни, основен услов да бидат финансирани е или да имаат обезбедена пристапност до објектите или таа да биде планирана во инвестицијата што ја бараат.

Соопшти и дека на последната владина седница е донесена одлука да се зголеми бројот на стипендии за лицата со попреченост и сите што ги исполнуваат условите ќе бидат поддржани од државата. Со овие мерки, нагласи Царовска, се прави исчекор во подобрување на обрзовниот систем за сите деца, вклучително и за децата со атипичен развој.

Директорката на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ Марија Делетиќ рече дека како иден ресурсен центар ќе бидат на висина на задачата и со своите ресурси и со поддршка на МОН ќе излезат во пресрет на потребите на учениците со попречености.

-До 2022/2023 ќе се запишуваат ученици во посебните училишта. Генерацијата која ќе биде затекната, ќе функционира до 2031. Значи, посебните училишта кои функционираат сега, нема да бидат затворени веднаш, зашто во јавноста има забуна. Ќе продолжат да функцинораат со својата воспитно-образовната дејност и понатаму за оние ученици кои имаат комплексни потреби, а се вклучени во инклузивните училишта. Училиштата како „Д-р Златан Сремец“ се надевам дека ќе бидат клучна алка во поддршка на целокупното поставување на темелите на едно инклузивно општество, рече Делетиќ.

Во Кисела Вода се наоѓа централниот објект на ова посебно училиште кое има уште десет дисперзирани паралелки во училишта со редовна настава. Оваа учебна година, како што соопшти директорката, се запишани 103 ученици. Таму учат ученици со пречки во интелектуалниот развој, а е единствено училиште и верификувано за работа со ученици со аутизам. Со овие деца се работи во изминатите 15 години и во моментов ги има во три паралелки во училиштето.

Најчести предизвици со кои се соочуваат, рече директроката, се недостиг на финансии зашто училиштето се финансира само од државниот буџет и нема сопствени средства. Покрај работата со децата, се обидуваат да бидат поддршка и за нивните семејства, рече Делетиќ, нагласувајќи и дека има попречености кои не се лесно видливи, а се околу нас, и дека овие лица треба да поддржуваат и да им се посветува внимание постојано, не само на овој ден.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он