НАСА смести неколку астронаути во посебна база на хавајската планина Мауна Лоа каде престојувале четири месеци.
Меѓу првите работи што ќе се најдат во вселенскиот брод што ќе ги носи астронаутите на мисија кон Марс сигурно ќе се најдат и роботи миленичиња и специјална долна облека без мирис, покажуваат студиите што ги спроведе НАСА.
Што се однесува до храната, како најпогодни за патувањето се покажале ролните за тортиљи и зеленчукот.
„Ролните се навистина добри ги комбинираме тортиљите со разни зеленчуци, сирење или конзервирана риба. Тоа е во склад со успехот што тортиљите го имаа на Меѓународната вселенска станица“ вели Анџело Вермелен, командант на групата за симулација на престојот на Марс.
Оброците варираат од прашкасти во кои само се додава вода, до конзервирани, дехидрирани, па дури и замрзнати јадења.
Мисијата на Хаваи за симулација на истражувањето на вселената, Hawaii Space Exploration Analog & Simulation или HI-SEAS исто така ги тестира и маиците за вежбање кои не примаат непријатни мириси.