ВМРО-ДПМНЕ утре на блокади во Скопје и на протести во 15 града

Од:

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира блокади пред Владата и пред Министерството за надворешни работи, но и протести во 15 града низ државата, најавуваат од партијата.

Протести се закажани за во Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид со почеток во 18.00 часот, додека блокадата пред државните институции во главниот град е во 15.00 часот.

„Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот“ – стои во повикот до граѓаните од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана