Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ со амандмани на буџетот ќе бара итни политики за справување со аерозагадувањето

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднела амандмани на Буџетот за 2021 за итни и интерветни политики насочени кон намалувањето на загадувањето и справувањето со сите негативни појави во областа на животната средина, особено на аерозагадувањето.

-Негативните трендови не засегнуваат сите, а според огромен број научни студии најмладите генреации нема да можат да го достигнат својот потенцијал заради токсичните материи во воздухот. Истовремено, најстарите генерации со хронични заболувања се во постојан ризик. Посебно земајќи ја во предвид кризата од глобалната пандемија, ризикот за смртоност во Македонија веројатно се зголемува токму заради овој непосакуван фактор, рече Тимчо Муцунски, пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфернција во Собранието .

Тој информира дека преку консултација со Невладината организација 02 Иницијатива, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела голем број амандмани кои ќе овозможат во краток рок да отпочне примена на конкретни политики. Меѓу другото, амандманите предвидуваат: субвенции за поставување на филтри од домашно производство за 25,000 домаќинства кои се греат на дрва и други загадувачки материи, промена на начинот на загревање на здравствените и образовните установи во најзагадените градови во Македонија од мазут/нафта во гас/топлотна межа/топлински пумпи/сончеви колектори, поставување на DPF (diesel particulate filters) и SCR (selective catalytic reduction) системи на автобусите и градежните машини во најзагадените градови во Македонија. Поради неможноста да се заменат постоечките со нови, потребно е, велат, прилагодување на старите автобуси и градежни машини кои продуцираат високо и опасно загадување во градовите.

Со амандманите се предлага и поставување филтри на јавните институции во најзагадените градови во државата кои нема да го променат начинот на греење во незагадувачки, субвенции за поставување плински уреди во 10,000 возила, како и акредитација на Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП – за методите за одредување тешки метали во воздухот, за одредување полициклични ароматични јаглеводороди во воздухот, за потребите на инспекторите, како и редовно одржување и надградба на инструментите што се употребуваат за хемиска анализа.

Муцунски побара од другите пратенички групи да ги поддржат амандманите предложени од невладиниот сектор и експерти и, во интерес на граѓаните, вели, да ги надминат бариерите на дневната политика.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ