Пандемија е збор на годината според речникот Мериам-Вебстер

Од:

Американскиот речник „Мериам-Вебстер“ го избра зборот „пандемија“ за најупотребуван збор во 2020 година.

„Понекогаш еден збор дефинира цела ера и логично е во оваа исклучително тешка година еден збор да избие на врвот“, пишува на веб-страницата на речникот.

Авторите ги анализирале информациите за тоа кој збор најчесто се пребарувал во речникот на Интернет и откриле дека тоа е зборот „пандемија“.

Нагласено е дека првиот голем скок во потрагата по зборот е пријавен на 3 февруари, а корисниците почнале почесто да го бараат на 20 јануари, кога биле регистрирани првите случаи на инфекција со Ковид-19 во САД.

Речникот „Мериам-Вебстер“ го објавува рангирањето „Збор на годината“ од 2003 година.

Во 2019 година збор на годината беше „тие“ ( „they”).

Би можело да ве интересира

Бил Гејтс предвидува дека следната пандемија би можела да биде посмртоносна од ковидот

Катерина Ѓуровски

СЗО: Епидемиите на ендемски болести стануваат се почести и поупорни

Пандемијата на Ковид-19 не е последна за човештвото – Гутереш го подготвува светот

СЗО: Светот да се обедини и да донесе тешки одлуки за да се стави крај на пандемијата во 2022

А1он

ОН: Сиромашните земји со години ќе се борат со пандемиската криза

А1он

Повеќе од 4,75 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус

А1он