Повеќе од 4,75 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус

Од:

Најмалку четири милиони и 752.875 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 231 милион и 273.010 лица беа заразени.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Соединетите Американски Држави беа најтешко погодени со 690.426 смртни случаи и 43.116.432 заразени.

Следуваат Бразил со 594.443 смртни случаи и 21.366.395 случаи на инфекција, Индија со 447.373 смртни случаи (33.697.581 заразени), Мексико со 275.676 смртни случаи (3.635.807 заразени) и Русија со 205.531 смртни случаи (7.464.708 заразени).

Меѓу земјите што се најтешко погодени, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 604 на 100.000 жители. Потоа следуваат БиХ (320), Северна Македонија (317), Унгарија (312), Црна Гора (303) и Бугарија (295).
Латинска Америка и Карибите имаат 1,484,609 смртни случаи (44,797,829 заразени), Европа 1,305,044 смртни случаи (67,318,550 заразени), Азија 836,095 смртни случаи (53,707,794 заразени), САД и Канада 718,081 смртни случаи (44,720,901 заразени), Африка 209,171 смртни случаи ( Блискиот Исток 197.781 смртни случаи (13.303.574 заразени) и Океанија 2.091 починати (173.237 заразени).
Агенциите секојдневно прават биланс на состојбата со коронавирусот врз основа на државните податоци за земјите во светот и информации на Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

СЗО: Омикрон е регистриран во 38 земји, засега нема смртни случаи

А1он

Главната научничка на СЗО вели дека нема потреба од паника поради појавата на омикрон

А1он

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

А1он

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

А1он

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон

А1он

Јужна Африка влегува во четвртиот бран на Ковид-19

Ана Ололовска