Спиро Ристовски нов министер за образование, Диме Спасов за труд и социјална политика

Од:

Спиро Ристовски, од Министерството за труд и социјална политика се сели во фотелјата министер за образование.

На негово место доаѓа Диме Спасов, актуелен директор на скопскиот Катастар.

Министерот за образование и наука Панче Кралев поднесе оставка на функцијата.

Кралев во оставката до премиерот Никола Груевски наведува дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период.

promena-ministri

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.

Заменик- министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски неодамна беше избран за советник во Општина Карпош, а потоа и за претседател на Советот на Општината.

Предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните