Грчки медиуми: Шефот на турските вооружени сили во Скопје

Од:

Речиси сите грчки медиуми, засега без коментар, јавуваат за посетата на началникот на ГШ на турските вооружени сили генерал Неџет Озел на Македонија, нагласувајќи дека тој одржал состаноци со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.

За грчките медиуми е значајно тоа што македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и Озел на средбата во Скопје изразиле задоволство од одличните билатерални односи меѓу Македонија и Турција кои се потврдуваат со интензивната политичка соработка и честите средби меѓу високи функционери.

За средбата со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески грчките медиуми јавуваат дека Котески му се заблагодарил на Озел за несебичната и искрена поддршка и помош која Турција и ја дава на Армијата на Македонија и во напорите на земјата за целосна евроатланстка интеграција.

Од своја страна, Озел ја поздрави соработката меѓу вооружените сили на двете земји и истакна дека Турција ќе продолжи „безусловно и несебично“ да ја поддржува Македонија во нејзиниот пат кон членство во НАТО, објавуваат грчките гласила.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски