СДСМ: Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај Мицкоски

Од:

„Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ.

Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски.

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи“, реагира СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет.

Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став.

Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата“, се вели во реакцијата на обраќањето на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана