Брзи Ковид тестови и во Велес

Од:

Три дена преку Здравствениот дом во Велес се вршат бесплатни брзи Ковид тестови. Како што информира Николче Димовски директор на ЈЗУ Здравствен дом тестот го работи нивна екипа на лаборанти и лекар во зградата на поранешното Основно училиште „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ .

Појаснува дека нивниот пункт е во засебни простории од просториите за Ковид тестирање кое од поодамна го врши медицинска екипа на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Димовски информира дека тестирањето е во терминот од 11 до 14,15 мунти, а дневно се вршат по 40 тестирања со закажување преку Мој термин од матичните лекари. Пациентот треба да го исполнува алгоритмот,односно да има симтоми на Ковид,а не повеќе од пет дена.

-За овие брзи тестови, резултатите граѓаните ги добиваат веднаш, а резулататите од истите се доставуваат и до матичните лекари, информира Димовски.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите