Главниот град на Тајланд, Бангкок е место број еден за патување, според третото годишно истражување „Global Destination Cities Index“.
И покрај тоа што Лондон беше на прво место во 2012 година, Бангкок е пред него со минимална разлика во бројот на посетители.
Истражувањето ги зеде предвид највисоките бројки на меѓународни посетители во текот на 2013 година, а меѓу првите пет се најдоа и Лондон, Париз, Сингапур и Њујорк.
Истражувањето го спроведе компанијата Мастеркард, а меѓу најдобрите 20 пласирани градови е и Лос Анџелес.
Градовите освен што ги привлекуваат меѓународните туристи, се и совршени места според луѓето кои што живеат таму, стои во соопштението.
Елена Георгиевска