Палестинците не го прифатија предлогот за отстапки во замена за економска корист

Од:

Палестинското претседателство соопшти денеска дека нема да направи политички отстапки во замена за економска корист, што вчера го предложи американскиот државен секретар Џон Кери.

– Палестинските власти нема да понудат отстапки во замена за економска корист, се наведува во соопштението на канцеларијата на Мохамед Мустафа, претседател на Палестинскиот инвестициски фонд и економски советник на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

– Нема да прифатиме економијата да биде примарна и единствена компонента. Сакаме се да се случува во рами на политичкиот процес, кој ќе обезбеди формирање на палестинска држава, заснована на границите од 1967 година, со источен Ерусалим, како главен град и со почитување на правата на бегалците и повикот за политичко решение – тоа се приоритетите, се наведува во соопштението.

Мустафа нагласи дека претседателот Абас ги повикува инвеститорите да дојдат во Палестина, особено ако се има предвид фактот дека Палестина има позитивно инвестициско искуство во многу области.

Кери вчера на затворањето на седницата на Светскиот економски форум во Јордан изложи план за поттикнување на палестинската економија преку привлекување на четири милијарди долари приватни инвестиции и го назначи поранешниот британски премиер Тони Блер, кој е специјален пратеник на т.н. блискоисточна четворка (Обединетите нации, Европската унија, САД и Русија), да ги подготви деталите за таа иницијатива.

Канцеларијата на Блер соопшти дека целта е БДП на Палестина да се зголеми за 50 отсто во период од три години и невработеноста да се намали од 22 проценти, на едноцифрен показател.

Би можело да ве интересира

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

САД, Франција, Германија и Австрија: Прерано е да се признае Палестина