Ахмети: Убеден сум дека преку конструктивни разговори со Бугарија ќе се надминат отворените прашања

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе бидат надминати пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Северна Македонија како дел од Европската Унија.

Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која исто така го информирал дека функционалноста на коалицијата и Собранието е на ниво и дека таа функционира според сите принципи што ја водат земјата кон Европската унија.

Како што соопшти ДУИ, за време на оваа средба, Ахмети и Која разговарале и за предизвиците со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, за најдобрите начини за справување со оваа состојба, за економската поддршка и помошта за компаниите и граѓаните преку мерки што придонесуваат за полесно надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

Ахмети му порачал на амбасадорот Која дека соработката на земјата со Мисијата на ОБСЕ е од голема важност, особено во делот на користењето на искуствата и експертизата што ги добиваме во повеќе области.

За време на средбата, лидерот на ДУИ и шефот на мисијата на ОБСЕ во земјата разговарале и за регионот и ситуацијата создадена по поднесувањето на обвиненија од Специјалниот суд против претседателот на Косово, претседателот на Парламентот на Косово и неколку други поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

– Ахмети му повтори на амбасадорот Која дека војната на ОВК беше војна за слобода, праведна и дека и последните обвинети ќе се вратат со бел образ од Хаг и конечно ќе ја докажат чистата војна што ја водеше Косово и нејзиниот народ, се наведува во партиското соопштение.

Ахмети и Која изразиле подготвеност за продолжување на меѓусебната соработка во сите сегменти кои се во надлежност на ОБСЕ

Би можело да ве интересира

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски