Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Од:

Полицијата вчера на патот помеѓу струшките села Вишни и Горна Белица од автомобил со гостиварски регистарски таблички запленила марихуана и приведе дилер на дрога од соседна Албанија.

– Вчера околу 11:30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу селата Вишни и Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од гостиварското село Лакавица, управувано од Ф. Ц. (20) од Р. Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Р. Албанија. При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица, а Ф. Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници