Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се инфицирале со вирусот ХИВ.
Според податоците на организацијата, приближно на секоја минута и 40 секунди едно дете или младо лице на возраст под 20 години било заразено со ХИВ минатата година, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе предупреди дека пандемијата со Ковид-19, ја отежнуваат борбата против СИДА-та.
Според УНИЦЕФ, поради коронавирусот, децата, адолесцентите и бремените жени во голем број земји немаат еднаков пристап до медицинските услуги и третмани.