Лидерот на „Самоопределување“ во САД агитира за обединување на Албанија и Косово

Од:

Лидерот на косовското националистичко движење „Самоопределување“, Албин Курти на средбите со албанската дијаспора во Њујорк ја промовирал идејата за обединување на Албанија и Косово, јави дописникот на МИА.

Според тиранскиот весник „Шекули“, на средбите, на кои говореле и потпретседтаелот на движењето Шпенд Ахмети и американскиот дипломат Вилијам Вокер, било истакнати значењето на постоењето на суверено Косово и неговото обединување со Албанија.

Весникот наведува дека претставиците на „Самоопределување“, меѓу кои и координаторот на пратеничката група на движењето во косовскиот парламент, Висар Имени, нагласувале дека е неопходна колективна организираност за постигнување успеси. Како пример за тоа го посочиле изборот на првиот албански политичар во Конгресот на државата Њујорк, Марк Ѓонај, кој бил присутен на една од средбите на Курти со емигрантите.

Курти, според медиумите, неодмна успеа да замине за САД, откако претходно американската Амбасада неколкупати даваше негативен одговор на неговите апликациите за виза.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски