Главниот град на Туркменистан, Ашхабад е запишан во Гинисовата книга на рекорди откако официјално е утврдено дека во неговите згради има вградено повеќе бел мермер отколку каде било во светот.
Ашхабад , некогашна црна дупка на постсоветскиот Туркменистан денес е град со стотина државни и станбени згради од бел мермер.
Главниот и одговорен уредник на Гинисовата книга за рекорди Крејг Глендеј, прогласувајќи го Ашхабад за град со најголема концентрација на згради од бел мермер, рече дека напорите за архитектонска преобразба на градот достигнаа спектакуларно ниво.
Туркменистан е држава богата со земјен гас и како што укажува „Асошиетејд прес, ваквиот изглед на Ашхабад покажува што се може да се направи со такво богатство.
Елена Георгиевска