Продолжен рокот за аплицирање на повиците од четвртиот сет мерки за секторите туризам и угостителство

Од:

До 4 декември годинава е продолжен рокот за аплицирање за објавените јавни повици од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство, информира Министерството за економија.

Рокот се продолжува за јавните повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, за издавање грантови за лиценцирани туристички агенции, за издавање грантови за лиценцирани туристички водичи, за издавање грантови за игротеки и за издавање на грантови за ресторани за свадби што беа објавени на 16 ноември годинава на веб-страницата на Министерството за економија, прецизираат од ресорното министерство.

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“, а повеќе детали може да се најдат на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто