Собрание: Иницијативите за референдум на Ангелов се беспредметни

Од:

За сите четири граѓански иницијативи поединечно, овластениот предлагач Стојанче Ангелов, е известен дека Собранието не може да распише референдум на државно ниво, односно по сила на закон доставените предлози се беспредметни, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Во соопштението се подвлекува дека иницијативите за распишување референдум не се во согласност со закон и се појаснува дека во членот 28 став 1 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните таксативно се наброени прашањата за кои не може да се распише референдум на државно ниво, а тоа се прашањата што се однесуваат на: буџетот на Република Македонија и завршната сметка на буџетот, за јавните давачки, за резервите на Република Македонија, за прашања на изборите, за именувања и разрешувања.

– Исто така, во членот 28 став 3 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните прецизно и недвосмислено е утврдено дека референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонијата, стои во соопштението.

Согласно наведеното, доставените предлози за референдумско изјаснување по сила на закон се беспредметни и Собранието на Република Македонија за нив не може да распише референдум.

– Свесен за законската неоснованост на иницијативите овластениот предлагач Стојанче Ангелов паралелно со предлозите за референдум до Собранието има покренато иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, за укинување на наведените одредби од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, се подвлекува.

До претседателот на Собранието на Република Македонија на 22. мај 2013 година, се доставени четири граѓански иницијативи на државно ниво за распишување на референдум, сите четири поднесени од Ангелов.

Првата е  граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија, дадено на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 19 јули 2011 година.

Поднесена е и граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум на државно ниво  на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија.

Третата граѓанска иницијатива на државно ниво е за распишување референдум на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија и граѓанска иницијатива за распишување референдум на кој граѓаните непосредно ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ припадниците на ОНА кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште