ВИДЕО: Министерствата разгледуваат за кои сектори ќе важи неработната недела

Од:

Откако министерствата ќе го разгледаат, нацрт-законот за неработна недела ќе биде објавен на ЕНЕР-Електронски национален регистар на прописи, за да се слушне реакцијата од јавноста, соопшти министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Законот за прогласување на недела како неработен ден е измена на Законот за работни односи, во членот 134, каде дефинираме дека недела е неработен ден, ако со друг закон или колективен договор не е поинаку решено. Тоа е главната измена во Законот за работни односи“, рече Шахпаска.

Здравство, полиција, противпожарните и комуналните служби се единствените кои министерката ги наведе како витално важни дејности, кои и понатаму ќе работат во недела.

„Имавме меѓусекторски и меѓуресорски консултации меѓу сите министерства за да се утврди кои сектори ќе бидат изземени од овој закон. Ние го драфтиравме законот, го испративме до сите министерства и очекуваме нивен одговор за дополнувања и сугестии“, рече Шахпаска.

Таа вели дека Министерството за труд и социјална политика има најголем буџет, во однос на другите министерства, а најави и дека Буџетот за наредната година е проектиран во насока за надминување на последиците од корона-кризата.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска