Кина синоќа лансираше ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана првата земја што тоа го прави од 1970 година, јавија британските медиуми.
Ракетата наречена „Long mart -5“ беше лансирана синоќа по локално време, (рано утринава во средноевропско) од островот Хаинан.
Мисијата „Чканг Е-5“, именувана по античката кинеска божица на Месечината, ќе собере материјал од Месечината за да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото и формирањето на Месечината.
Доколку мисијата биде успешна, Кина ќе биде третата земја што ќе врати примероци од Месечината, по САД и Советскиот сојуз.
Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена, а Кина минатата година го имаше своето прво беспилотно слетување на Земјиниот сателит.
Кина годинава лансираше сонда кон Марс, а во 2022 година планира да има постојан човечки екипаж во вселената.