Брнабиќ: Србија нема план Б, Европската унија останува приоритет

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија сака да биде дел од Европската унија и дека нема план Б.

На онлајн самитот „Белградски економски форум“, Брнабиќ повтори дека стратешкиот приоритет на Србија и клучен фокус на надворешната политика останува членството во ЕУ и посочи дека процесот на европска интеграција е подеднакво важен и за регионот и за Србија.

Таа истакна дека сите земји во регионот прават напори да го забрзаат процесот.

Брнабиќ повтори дека процесот на европска интеграција е подеднакво важен и за регионот, како и за самата Европска унија.

– Не мислам дека ЕУ како таква може да продолжи без Западен Балкан да се интегрира во Унијата, рече Брнабиќ.

Таа му се заблагодари на комесарот Оливер Вархеи за лидерството и за „туркањето“ на процесот на проширување во рамките на Европската комисија и охрабрувањето на забрзувањето на реформите и приближувањето кон ЕУ што е можно поскоро.

– Знаеме каде сакаме да бидеме, знаеме дека сакаме да бидеме во ЕУ. Нема опција Б за Србија. Ние сакаме да бидеме дел од ЕУ, бидејќи тоа е во наш интерес и затоа што го споделуваме системот на вредности на ЕУ, рече Брнабиќ.

Како што рече таа, без оглед на внатрешните одлуки на ЕУ или земјите-членки во однос на брзината на пристапувањето, Србија е решена да продолжи по „европскиот пат“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани