Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Асоцијацијата ИВАП

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Асоцијацијата на ивент-индустрија – ИВАП, во која членуваат 39 компании вклучени во организација на настани, изнајмување опрема за настани, видео-аудио продукција и техничка поддршка на настани.

На средбата претставниците на ИВАП ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат во нивната работа и драстичниот пад на приходите по почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претставниците на Асоцијацијата укажаа и на административните пречки со коишто како дејност се соочуваат при остварувањето на своите права и користењето на мерките понудени од Владата.

– Претседателот Пендаровски ги поддржа напорите на Асоцијацијата ИВАП за изнаоѓање начини за надминување на предизвиците низ кои поминуваат компаниите што се занимаваат со оваа дејност и изрази очекување институциите соодветно да одговорат на нивните барања, со цел ублажување на негативните последици во нивната работа поради пандемијата од Ковид-19, информира Кабинетот на Пендаровски по средбата со претставниците на ИВАП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски