Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш модел на образование

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа онлајн-состанок со претставници од министерствата за образование на Естонија и Грузија, претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, и со претставници на оваа организација од регионални канцеларии.

Како што соопшти МОН, на состанокот беа споделени гриузиските и естонските искуства за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали.

– Министерката на состанокот истакна дека врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование, кој ќе дава резултати и на домашните и на меѓународните тестирања. Но, клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваат одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината и забелешките на учениците, родителите и наставниците, наведува Министерство за образование и наука.

Работната група која ја прави новата концепција за основно образование испратила прашалник со истражување до сите наставници за да се утврдат нивните ставови и што е тоа што недостига на образованието. Прашалникот ќе им биде доставен и на родителите и учениците.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци