Поп и оџа заедно ги чистеа православните гробишта во Косово Поле

Од:

Свештениците од Косово Поле, попот Никола Драгичевиќ и имамот Ремзи Годени заедно со амбасадорот на ОБСЕ Жан-клод Шлумбергер ги посетија православните гробишта. Тие прво ги пребројале оштетените гробови, а потоа ги чистеа.

Со посетата и чистењето на гробиштата, двајцата свештеници упатија јасна порака до заедниците дека оштетувањето на гробовите и спомениците на починатите не е во прилог на никого.

– Целта на посетата на гобиштата е да покажеме дека секој од нас треба да ги чува, не само сопствените туку сите гробишта во Косово Поле, како православните, така и муслиманските и оние на Ромите. Порачуваме да не се оштетува она што го изградиле нашите луѓе, православни, муслимани и Роми, туку да ги чуваме гобиштата, да ги чистиме и да ги уредуваме, истакна Драгичевиќ.

На двајцата свештеници во акцијата на чистење на отпадот донесен од ветерот, но и од луѓе им помогнале поголем број граѓани кои доброволно дошле и ја подржале акцијата.

– Нашата цел е да му покажеме на народот дека ние немаме меѓуетнички и меѓуверски проблеми. Треба да ја почитуваме најпрво другата за да можеме да ја почитуваме сопствената вера, посочи Годени.

– Многу сум среќен што сум меѓу двајца мажи, попот и имамот и тоа е доволен знак за да кажеме дека сме заедно, истакна Шлумбергер, додавајќи дека за ггробовите, без оглед кој почива во нив, треба поголема грижа да покаже и локалната власт.

За жал тие биле сведоци на десетици оштетени надгробни споменици, уништени од човечка рака. Дел од оштетените надгробни споменици во православните гробишта веќе почнаа да се санираат.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска