ДПА бара вонредни избори

Од:

Опозициската ДПА по неуспехот во Чикаго и недобивањето на покана за примем во НАТО бара итна собраниска седница на која ќе се донесе одлука за распуштање на парламентот и ќе се распишат вонредни парламентарни избори.

„ДПА се дистанцира од речникот на Никола Груевски пренесен преку агенцијата МИА , речник кој е против НАТО и одбносите со соседните држави, речник кој го урива сонот на Албанците за НАТО и ЕУ“, изјави Имер Алиу од ДПА.

Од партијата бараат од ДУИ јасно да кажат дали се со Груевски или се за НАТО и ЕУ и побараа оставки од вицепремиерката Теута Арифи и министерот за одбрана Фатмир Бесими, кои според ДПА се виновни за најголемата измама во Македонија.

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија