Розберг по два часа и 20 минути победи во Монако

Од:

Нико Розберг со Мерцедес стигна до својата втора победа во кариерата, кој стартуваше од првата позиција на трката за големата награда на Монако. Зад него завршија Себастијан Фетел и Марк Вебер.

Луис Хамилтон стигна на четвртата позиција, поради несреќен влез во пит стопот на само неколку секунди пред излегувањето на безбедносното возило.

Адриан Сутил од Форс Индија извозе една одлична трка, стигна петти на крајот. Зад него се пласираше Џенсон Батон.

Многу лоша трка за двајца поранешни шампиони, Фернандо Алонсо беше минат од Перез, потоа од Сутил кој многу лесно го мина на најголемата кривина на патеката, подоцна беше минат и од Џенсон Батон, на крајот за него седма позиција.

Вториот шампион, Кими Раиконен мина многу полошо, имаше контакт со Перез на 7 круга до крајот и мораше да ги смени пневматиците, така загуби 10 позиции и заврши на 14-то место.

Агресивното возење на Перез го чинеше и испаѓање на 3 круга до крајот, имаше контакт со Сутил.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он