Излезе нов трејлер за филмот на режисерот Рон Хауард, Rush, во кој главните улоги ги толкуваат Крис Хемсворт, Даниел Брул, Оливија Вајлд и Натали Дормер.
Rush е приказна за големите ривали во Формула 1, Ники Лауда и Џејмс Хант, како и за големата несреќа на Лауда во 1976 година, во која за малку ќе го загубеше неговиот живот.
На големо изненадување, неколку недели по инцидентот, Лауда повторно се врати зад воланот на неговиот болид за да го предизвика неговиот ривал, Хант.
Филмот ќе се појави во кино салите на 20-ти септември.