Најголемиот конгрес досега, македонските лекари го одржаа онлајн

Од:

Заврши досега најголемиот одржан онлајн конгрес на лекари во земјава, што се одржа во организација на Македонското лекарско друштво, а во соработка со Медицинскиот факултет. На овој едукативен медицински настан имаше повеќе од 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината од земјава и од странство.

Од Македонското лекарско друштво соопштија дека на конгресот биле презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања. Поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од Ковид-19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус.

Во овие вонредни услови, 20. конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, кое на овој начин го одбележа и 75-годишниот јубилеј од постоењето, беше извонредна можност за стекнување нови знаења и размена на искуства. Виртуелната комуникација меѓу досега најголем број на пријавени лекари-учесници барем на кратко им го разведри секојдневието во кое тие ја водат најголемата битка за спасување на животите на болните од Ковид-19, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики, се воведуваат и два организациски секретари

СДСМ на конгрес ќе ја потврди претседателската кандидатура на Пендаровски

А1он

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март

Без договор во американскиот Конгрес за буџетот, затворањето на владата е се поизвесно

Хоти: Приштина никогаш не била толку критикувана во Конгресот како пред два дена

Републиканците на пат да го преземат Конгресот, жестока борба за превласт во Сенатот

А1он