КСС бара да се врати одлуката за исплата на 100 проценти плата за заболените од Ковид

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на најновиот заклучок на Владата со кој на болните од Ковид нема да им се исплаќа 100 проценти плата.

Синдикатот бара да се врати старата одлука и да се изјаснат сите синдикати дали е вистина дека по нивна иницијатива е скратено ова право. Од министерката за труд и социјална политика се бара да каже кои граѓански организации барале кратење на ова право.

– Недозволиво е министерката за труд и социјална политика да се повика на сидикатите и невладините организации за да го оправда овој крајно срамен потег, со кој едно од основните права на работниците се кратат само со заклучок на Влада. Уште потрагично е да не се консултираат социјалните партнери за ваква круцијална одлука за која што одговорно тврдиме дека никој не не консултирал или пак прашал, велат од КСС.

Потсетуваат дека од почетокот на пандемијата бараат Ковид-19 да биде прогласено за професионално заболување и апелираат да се направи ажурирана проценка на ризик на работните места согласно новата биолошка штетност како што повикува и Законот за безбедност и здравје при работа и правилникот за биолошки штетности.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски