Заев е против лидерска средба поради реториката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Онака како што е поставена опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ние можеме да извлечеме мотивација за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија, ако седнеме заедно. Ако сакаме да се скараме со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој во одговор на новинарско прашање, зошто е одбиено барањето на опозицијата за лидерска средба за консензус во врска со проблемите со Бугарија, рече и дека реториката на опозицијата во моментов не е од корист.

– Целта е да го градиме пријателствто и да изнаоѓаме решенија за да продолжиме како што двете земји имаат желба целиот Балкан да се интегрира во Евроската Унија. Но, дефинитивно реториката на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер и раководството не е на помош на тоа што го работиме како земја, за да ја постигнеме нашата стратешка цел, а тоа е следниот чекор за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, нагласи премиерот по денешната седница на Советот за безбедност.

Заев повтори дека тоа што се разговараме со Бугарија е во рамките на Договорот за добрососедство, дека не прават нешто ново и дека сето тоа што го разговараат е обрска на двете страни.

– Разговараме во делот на брзата имплементација на Договорот за во иднина, во делот на решавањето кратко или долго име, во делот на она што претставува проблем за тоа што бугарската Влада тврди дека за неа е проблем и го расчитуваме низ раговори и договори, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата