Маричиќ: Добро е што се отвори дебата за декриминализација на марихуаната

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на „Меѓународната конференција за модели на регулација на дроги“, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната.

Според Маричиќ квалитетното регулирањето на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и секако економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството.

– Се разбира свесен сум дека ова е комплексно прашање и токму затоа овој процес во суштина мора да биде инклузивен, односно во креирањето на модалитетот како ќе се спроведе декриминализацијата, треба покрај стручната јавност и експертите, да бидат вклучени и невладините, односно граѓанските здруженија кои можат и тоа како да придонесат за квалитетот на решението. Дебатата сега е отворена и трае, истакна министерот Маричиќ.

Тој посочи дека ќе се инсистира и ќе се обрне посебно внимание на еднаш донесените закони со кои ќе се регулира ова прашање, доследно и без исклучок да се спроведуваат во пракса, бидејќи во спротивно, вели ќе се доведеме во опасност секој на свој начини да ја толкува декриминализацијата, а со тоа место ред да се воведе во хаос во ова сфера.

Би можело да ве интересира

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија