Царовска: Со Болоњскиот процес го прилагодуваме високото образование на потребите на студентите и на општеството

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска учествуваше на онлајн конференција на министрите надлежни за високото образование на земјите членки на Болоњскиот процес. Домаќин на конференцијата којашто првпат се одржува онлајн, е Рим, а учествуваат министри од 48-те земји членки.

Како што соопшти МОН, Царовска којашто заедно со другите министри, го одобри Римското коминике за понатамошниот развој на високото образование, кое е и основа за креирањето на домашните високообразовни политики, во обраќањето го истакна значењето на иновативноста во високо образование.

-Во изминатите дваесет години постигнувањата од Болоњскиот процес го изменија високо образование кое е насочено на потребите на студентите и за развојот на општеството. Со воведувањето на нови и подобро усогласени методи и практики за учење внесуваме сосема нова димензија во образовните процеси и ги прилагодуваме на современите трендови. Сето ова е тесно поврзано со истражувањата и со местото на општествените, хуманистичките и креативните науки кои треба да продолжат да ја играат виталната улога, давајќи им длабочина на нашите животи и овозможувајќи да го разбираме и да дејствуваме во светот кој што постојано се менува, истакнала Царовска.

Болоњскиот секретаријат и изрази благодарност на нашата земја која во изминатите две години учествуваше во Одборот кој раководи со Болоњскиот процес и за конференцијата одржана во Скопје во февруари 2019 година.

На Римската Конференција, како што е наведено во соопштението од МОН, министрите го примија Сан Марино како нова членка на Болоњскиот процес.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови