Русија со закон ќе ги блокира Фејсбук, Твитер и Јутјуб

Од:

Пратениците во рускиот Парламент претставија предлог-закон со кој, доколку биде усвоен, ќе и се овозможи на Владата да го ограничи пристапот преку Интернет до американските социјални мрежи.

Авторите на нацрт-законот, повеќето од владејачката партија Единствена Русија на претседателот Владимир Путин, изјавија дека добиле поплаки од локалните медиуми како Русија денес, РИА Новости и Крим 24 дека профилите биле блокирани или обележани од Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

„Итноста за усвојување на нацрт-законот се должи на бројни случаи на неоправдано ограничување на пристапот на руските граѓани до информации во руските медиуми од одредени Интернет ресурси, вклучително и оние регистрирани надвор од Русија“, се вели во образложението во прилог на нацрт-законот.

За да стапи на сила, нацрт-законот треба прво да биде одобрен од пратениците во Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, пред да биде одобрен во Советот на Федерацијата (Горниот дом на Парламентот) и потпишан од претседателот Владимир Путин.

Според нацрт-законот, главниот обвинител на Русија и Министерството за надворешни работи ќе утврдат кои Интернет ресурси го ограничуваат пристапот до „општествено важни информации засновани на националност, јазик или во врска со воведување санкции против Русија или нејзините граѓани“.

„Руското тело за надзор на секторот за комуникации, „Роскомнадзор“ тогаш ќе има можност да ги блокира во целост или делумно“, се вели во законот.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски