Азербејџан: Потписот на Путин гарантира за договорот во Нагорно-Карабах

Од:

Азербејџанското Министерство за надворешни работи денеска го посочи потписот на рускиот претседател Владимир Путин како гаранција за непроменливоста на договорот со Ерменија за мирот во Нагорно Карабах, јави Тасс.

„Улогата на рускиот претседател и неговиот потпис во трилатералниот договор се многу важен придонес кон мирот и гаранција дека работите нема да се вратат на старо“, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи.

Во врска со интервјуто на Путин, во кое рускиот претседател зборуваше за крај на кризата, Министерството за надворешни работи рече дека „Баку ги почитува напорите на руската страна за постигнување договор во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан“.

“Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, земја со која се граничиме и со која имаме историски врски. Ова го објаснува директниот интерес на Русија за зајакнување на безбедноста и стабилноста на Јужен Кавказ”, сооошти Министерството за надворешни работи во Баку.

Во коментарот на азербејџанското МНР се наведува дека Баку целосно се согласува со ставот на Путин дека прекинот на крвопролевањето е многу важно достигнување во трилатералниот договор.

„Од почетокот на конфликтот, азербејџанската страна секогаш ги слушаше меѓународните апели за прекин на огнот“, се додава во коментарот.

Конфликтот заврши на 9 ноември со мировниот договор потпишан од Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинијан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа