Петровска: Се што е хартиена документација изгоре во пожарот, но ја обновуваме на различни начини

Од:

Се што било електронска документација е сочувано, но се тоа што е хартиена документација – тука имаме записници, решенија од спроведени надзори тоа го нема, сега ние тоа го обновуваме на различни начини, соопшти денеска в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска во однос на пожарот во Инспекторатот.

Таа во одговор на прашање по денешната прес-конференција посочи дека најтежок начин е да ги добијат документите од инсталацииите што ги инспекторирале, но, како што посочи, тоа е можно и тоа го прават.

– Кога појдовме во Коњари, бидејќи мојата инспекторка водостопанска чувала обемна документација, а таа ја нема веќе, на лице место ги повлековме сите документи, тоа го правиме секаде каде што одиме и во овој период ќе ги враќаме документите назад, рече Петровска.

Во моментов таа не можеше да одговори колку била стара документацијата што изгоре во пожарот. Наведе дека за овие 17 дена откако работат интензивно приоритет им е да се на терен.

– Пет инспектори треба секаде да стасаат, да се искоординираме, да одговориме на секоја претставка. Верувајте на сите ни е неопходно да ги имаме тие стари податоци, но дајте сега во моментов да го решаваме тоа, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Ана Ололовска

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски

Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар кај Градско

Ана Ололовска