Германските власти размислуваат да ги забранат овонеделните протести пред сојузниот Парламент на противниците на воведување на карантин поради пандемијата со Ковид-19, стравувајќи оти собирите би можеле да бидат насилни.
Берлинската полиција очекува напад врз зградата на Бундестагот, ако се организираат протести.
Германските парламентарци предвидено е утре да гласаат за законот што ќе пружи правна основа за воведените мерки за физичка дистанца, носење на заштитни маски и затворање на продавниците. Поголемиот број од Германците ги поддржуваат мерките, но еден дел од граѓаните протестираат, тврдејќи дека ограничувањата се неуставни.
Собири ќе бидат дозволени вон безбедносниот периметар околу Бундестагот.