Владата на денешната Седница донесе неколку одлуки кои се од големо важност за актуелните процеси за заштита на природата во нашата држава, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
– Пред се, донесена е Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодивер-зитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вред-ности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, a ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје, наведува Нуредини во писмена изјава/
Тој воедно во име на Министерството за животна средина и просторно планирање изразува благодарност до Програмата за зачувувуње на природата во Северна Македонија (ПЗП), Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Фармахем Скопје, Македонско еколошко друштво, Национални Шуми и сите други инволвирани страни што го поддржаа овој процес.
– На оваа Седница, Владата донесе и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогла-сување согласно законските процедури, се додава во писмената изјва.
Министерот Нуредини информира и дека Владата го разгледала и прифатила апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридското Езеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа.
– Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја започне постапката и да го достави апликационото досие (РИС) за номинирање на Охридско Eзеро за Рамсар место во Светската Рамсар Листа до Секре-таријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година. Со оваа одлука на Влада, нашата држава го добива третото Рамсар подрачје, додава министерот Нуредини.