А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија

by А1он16/11/2020 - 17:5317/11/2020 - 08:02547
Share0

Ниту една земја членка на ЕУ не го поддржува барањето на Бугарија да биде вметнато поглавје 35 во преговорите со Северна Македонија посветено на билатералните прашања, голем број земји стравуваат дека Софија му наштетува на целиот регион со својот став.

Следете a1on на Instagram Instagram

Бугарија не се откажува од барањето за поглавје 35 во преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, барање кое предизвикува голема загриженост кај останатите членки, посебно со оглед на тоа дека голем број земји сметаат дека ова барање „се должи на изборите“ и е „непринципиелно“, велат за МИА дипломати на повеќе земји членки на ЕУ.

Конкретно, во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања“, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје. Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање. Бугарско-македонскиот спор не се смета за безбедносен во ниту една меѓународна организација.

Во случајот со Белград, и поради сензитивноста на косовското прашање, поглавјето 35 има иста тежина како поглавјата 23 и 24 (правда и судство) и има моќ да го блокира, суспендира, или врати назад целиот процес на интеграција на Србија во ЕУ. Токму тоа, според дипломатите го бара и Бугарија за Северна Македонија, што би довело до „билатерализација“ на процесот на проширување со Скопје, нешто што е спротивно на принципите на ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

За дипломатите од земјите членки на ЕУ ова може да биде „опасен преседан“ за останатите земји кандидати на западниот Балкан, но исто така ја потврдува тезата на најскептичните земји дека проширувањето кон источноевропските земји се случило прерано и дека треба да се стопира.

Со ова Бугарија би можела да им направи “голема противуслуга на сите земји од регионот“ коментираат од земјите членки на Унијата.

-Оваа политика на условување на Бугарија се плашам дека само ќе ги зајакне резервите на скептичните земји членки на ЕУ кон проширувањето и ќе се искористи како потврда за тезата дека прерано ја примивме Бугарија и дека сега ја плаќаме цената за тоа, објаснува ЕУ дипломат за МИА.

Инсистирањето на Софија да ја блокира Северна Македонија „непринципиелно“, велат дипломатите, „може да има „далекусежни последици“ и ретко кој во ЕУ ја разбира бугарската позиција, посебно со оглед на тоа дека станува за историски прашања за кои дипломатите не се стручни, ниту со кои се занимаваат.

Бугарската блокада врз Северна Македонија создава “огромна фрустрација“ и во другите институции на ЕУ како Европската Комисија, Парламентот и дипломатските служби, посебно поради тоа што за повеќето познавачи во Брисел “ова се користи само за изборни цели“, и воедно му штети на кредибилитетот на самата Бугарија, вели дипломат од земја членка на ЕУ.

Повеќе земји членки велат дека македонската позиција е разумна, и се надеваат дека нема земјата да прибегне кон радикална реторика која би ја ставила во позиција на слабост за понатаму, но признаваат и дека ништо не можат да направат против бугарското вето, кое е право на секоја земја членка на Унијата.

Друг дипломат со кој разговараше МИА смета дека “тешко дека нешто ќе се помести пред изборите во Бугарија“ планирани за март бидејќи бугарската страна “не сака ништо да слушне“.

Во секој случај станува извесно дека доколку Софија продолжи да инсистира на поглавје 35 во процесот можно е самата таа да се соочи со вето од други земји членки на ЕУ за кои ова барање е „неразумно и неприфатливо“.

eu

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто