А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

by А1он16/11/2020 - 17:1817/11/2020 - 08:04322
Share0

Германија ќе стори се што е во нејзина моќ да почнат пристапните преговори на Македонија со ЕУ за време на германското претседателство до крајот на годинава, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство. Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, рече Мас.

Нагласи дека од тоа ќе зависи и кредибилитетот на ЕУ во регионот.

– Одлучувачко ќе биде во наредните денови да се најде решение за прашањата за кои се уште немаме одговори. Ние сме сериозни за тоа и сакаме конкретно да ги реализираме овие цели. Сериозни сме кога велиме дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ и сакаме да имаме успех во тоа. Ќе сториме се што е во наша моќ да ве поддржиме на тој пат, рече шефот на германската дипломатија Хајко Мас на доделувањето на наградата на премиерот Зоран Заев во Берлин.

Следете a1on на Youtube YouTube
eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео