Во Париз средба на Макрон – Помпео зад затворени врати

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео зад затворени врати. Помпео претходно имаше средба со шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан. Елисејската палата посетата на Помпео ја оцени како „куртоазна“.

По средбата на Макрон со Помпео не е закажана прес-конференција, а дел од француските медиуми тоа го оцнија како обид да се избегнат прашањата на новинарите за несогласувањата за исходот на американските претседателски избори.

Средбата Макрон – Помпео се одржува само девет дена откако францускиот претседател му ја честиташе победата на Џо Бајден, а американскиот државен секретар не ја признава неговата победа на претседателските избори во САД.

Додека од тимот на Помпео соопштија дека нема прес-конференција поради пандемијата соКовид-19. Помпео со посетата на Франција ја почнува својата турнеја во Европа и Блиски Исток, но не се познати детали. Предвидено е тој од Париз да отпатува за Турција, но не е закажана средба со турските владини претставници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии