Грција околу бугарската блокада за Македонија: Никој не може да спречи земја-членка да покренува свои прашања

Од:

Ќе продолжиме да ја поддржуваме европската перспектива на регионот, но никој не може да спречи земја членка на Унијата да покренува свои прашања во пристапниот процес, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањет за тоа каков е ставот на Грција за бугарските позиции во однос на патот на Македонија кон ЕУ.

Πецас, сепак изрази надеж дека на крајот ќе се отвори вратата за европска перспектива за земјите од регионот.

– Ние традиционално сме за зајакнување на врските на земјите од целиот регион и секако ја имаме поддржано европската перспектива на земјите од Западен Балкан. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Оттука, како што знаете и ние во минатото кажавме дека ќе одиме на отворање и затворање на преговарачките поглавја согласно и со нашите интереси. Ќе гледаме, во интегративниот процес да гарантираме дека се задоволени грчките интереси. Во овие рамки, никој не може да спречи никоја друга држава членка да покренува свои прашања во процесот. Се надеваме дека на крајот од патот навистина ќе се отвори вратата за европска перспектива и на овие земји, рече Пецас.

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Грција ќе забрани анонимност на социјалните мрежи

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција