Повеќе од милион случаи на заразени со новиот коронавирус се пријавени во Мексико од почетокот на пандемијата. Тоа го објави претставник на Министерството за здравство на државата.
– Вкупно 1.003.253 луѓе се тестирани позитивно, рече официјалното лице.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 веќе достигна речиси 100 илјади луѓе.
Вкупно 53 милиони случаи на Ковид-19 се регистрирани од почетокот на пандемијата, 37 милиони од нив се опоравиле, а повеќе од 1,3 милиони луѓе починале.