Томографот во Охрид не работи еден месец

Од:

Комјутерскиот Томограф во Охридската болница не работи веќе еден месец. Поради тоа пациентите се препраќаат во приватни ординации каде снимањето со комјутерски томограф е за десеттина пати поскапо од вообичаеното и се движи од 5000 денари па нагоре.

Комјутерскиот томограф и покрја тоа што е нов неколку пати досега беше надвор од функција.

Директорот на Охридската општа болница Љубен Арнаудов за А1 вели дека апарартот се расипувал поради неговата преоптеретност.

„Апаратот работеше регионално за потребите на сите здравствени установи во овој регион.Настана дефект со апаратот, но ние навремено ги повикавме овластените сервисери кои дојдоа видоа каква е ситуацијата и очекуваме во најкраток можен рок се отстранат дефектите“ вели Арнаудов.

Не работи ниту комјутерот во Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо кој бил постар и е со послаба моќ.

„И на тој апарат кој е постар се случуваат дефекти.Овој апарат е многу по нов и помоќен од тој апарат и затоа пациентите од таму се препраќаа и овде кај нас. Знаеме дека пациентите на приватно плаќаат многу повеќе и затоа целта на носењето на томографот беше да ги заштедеме пациентите од поголеми тршоци. Се прават сите напори томографот да почне да функционира набрзо“ вели Арнаудов.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски