Надзорна расправа за утврдување на причините за стечајот на Еуростандард банка

Од:

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа на тема: „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи во Собранието, пратениците кои не се организирани во пратенички групи и други учесници и гости, соопшти собраниската прес-служба.

Комисијата за финансирање и буџет ќе покани сведоци од различни државни органи и институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори за прашањето што е предмет на надзорната расправа.

Надзорната расправа се одржува на предлог на опозициските партии.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

A1on