Во рок од една недела во Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, се случија експлозии на два монтажни тоалети, јавија американските медиуми.
Првата направа експлодирала минатиот четврток во тоалет поставен на градилиште, втората е од вчера и експлодирала во близина на пожарна служба во центарот на Питсбург.
Како во првиот, така и во вториот случај, полицијата утврди дека била употребена експлозивна направа за да се оштети тоалетот. Се проценува дека активирањето и на двете направи се случило во ноќните часови.
Полицијата ги истражува двата инцидента.